Кристал Палас не верува дека Манчестер јунајтед може да ја освои Лигата на шампионите па ја одби понудата за Ван Бисака

by
1 минути читање

Оле Гунар
Солскјер го идентификуваше 21 годишниот Англичанец како идеално засилување за
десната бековска позиција, но Кристал Палас не се откажува лесно од Арон Ван
Бисака и за неговите услуги бара помеѓу 50 и 60 милиони фунти.

„Орлите“ веќе
одбија две понуди на „ѓаволите“, а последниот предлог бил отфрлен поради една нереална
клаузула.

Како што
пренесуваат медиумите од Англија, Манчестер јунајтед понудил 35 милиони фунти,
плус 15 милиони фунти во најразлични бонуси поврзани со личните и колективни
успеси. Една од додатните исплати била поврзана со триумф во Лигата на
шампионите.

Клубот од Селхрст
Парк сепак смета дека „ѓаволите“ не се кадарни да ја покорат Европа, а со тоа
тие нема да стигнат до бараната сума, па го одбиле предлогот
.

Сепак,
преговорите помеѓу двата клуба продолжуваат, се верува дека ќе биде пронајден
заеднички јазик до крајот на неделата и Арон Ван Бисака ќе стане второ
засилување за Оле Гунар Солскјер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани