Креспо: Жал ми е да го гледам Меси тажен во Барселона

by
1 минути читање

Поранешниот
голгетер, моментално тренер на Дефенса Џустисија, Ернан Креспо вели дека го
преферира неговиот сонародник Лионел Меси во однос на Кристијано Роналдо, во
однос на вечното прашање помеѓу двата големи ривали на денешницата во фудбалски
рамки.

Освен тоа,
легендарниот напаѓач се осврна и на случувањата со Меси во Барселона, случувања
кои воопшто не делуваат како среќни за аргентинската фудбалска ѕвезда, на што
Креспо вели дека е особено тажен што го гледа својот сонародник во една таква
состојба во својот клуб за кој го смета како дом.

Жал ми е да го
гледам тажен Меси во Барселона, тоа е неговиот дом
“ вели Креспо.

Се надевам дека
тој ќе пронајде решението на сево ова, истовремено се надевам дека ќе ги
продолжи одличните односи што ги имаше порано, бидејќи доколку не се случи тоа,
таквата разврска може да придонесе голема штета во љубовта помеѓу фудбалерот и
навивачите, раководството мора да изнајде решение за неговите проблеми
“ додаде
тој, а на крајот заклучи дека ќе навива за својот сонародник во дуелот со
Кристијано Роналдо.

Едвај чекам да
го гледам мечот помеѓу Јувентус и Барселона, меѓутоа би го избрал Меси, без
притоа да му одзимам шанса на Кристијано
“ заклучи Креспо во однос на дуелот во
Лигата на шампионите предвиден да се одигра идната седмица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани