Ковид-19 го одложи дуелот помеѓу Евертон и Манчестер Сити

by
1 минути читање

„Граѓаните“
минатата недела пријавија четири случаи на ковид-19, позитивни биле Габриел
Жесус, Кајл Вокер и двајца членови од персоналот.

Во пресрет на
дуелот со Евертон, тестовите донеле поголем број на нови позитивни случаи на
коронавирус. Безбедноста на „меурот“ е компромитирана, постори ризик вирусот да
се прошири, па на совет од Премиерлигата и во консултација со двата клуба,
донесена е одлука мечот да се одложи.

Манчестер Сити
исто така ќе го затвори тренинг центарот на неодреден период, а играчите ќе
мораат на нови тестови пред да се донесе одлука за продолжување со обврските. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×