230
Арсен
Венгер е во потрага по нов предизвик откако го напушти Арсенал по 22 години.
Последните шпекулации велат дека Баерн Минхен ќе биде следниот клуб на
Французинот.
Германскиот
шампион во моментов е на петтото место на табелата, а изминатиот викенд Баерн
Минхен доживеа ново разочарување откако прокоцка водство од 3-1 и одигра 3-3
против Фортуна Дизледорф.
Се
верува дека Венгер со две раце би прифатил понуда од Баерн Минхен, 69-годишниот
стратег сака да ја заврши долгата кариера на највисоко ниво со освоен голем
трофеј.
Тој
не би имал проблем со прилагодување бидејќи германскиот е еден од јазиците кои
ги говори течно.