Утре на стадионот во Автокоманда, Работнички ќе биде домаќин на Брегалница во рамките од осминафиналето од Купот на Македонија.
Брегалница која е кандидат за враќање во Првата лига, цели кон добар настап и во Купот на Македонија. Штипскиот тим во Скопје ќе дојде со цел да победи и да се пласира во четвртфиналето.
„На утрешниот куп натпревар против Работнички одиме максимално мотивирани и спремни. Како и на секој друг меч оваа сезона, нашата цел е победа, а со тоа и пласман во следната рунда. Работнички е клуб составен од квалитетни играчи, имаме целосен респект, но ние ќе ја играме нашата игра и ќе се трудиме да ја исполниме целта. На теренот ќе истрчаат најдобрите и најспремни 11-мина кои во моментот ни се на располагање. Очекувам добар и возбудлив меч и со една дисциплинирана игра да се пласираме понатаму во купот“, изјави тренерот на Брегалница, Влатко Костов за клупскиот вебсајт.