Костакурта: Секој што играл фудбал знае дека ова не е пенал

by
1 минути читање

Јувентус вчера го
доби дербито со Милан благодарејќи на контроверзен пенал досуден во 95. минута.

Дибала остана
смирен и го матираше Донарума во седмата минута од судиското продолжение за 2-1 и
големо славје на „Јувентус Арена“.

Новата
контроверзна одлука во корист на „Старата Дама“ одново разви голема дебата, а
свое мислење даде и легендата на Милан, Алесандро Костакурта.

„Ако доследно се
следат правилата, играњето со рака се санкционира со пенал
– вели поранешниот дефанзивец.

Половина од
судиите ќе досудат пенал во оваа ситуација. Но сите што играле фудбал знаат
дека ова не е пенал
.

„Според мене, ова
не беше пенал“.

„Но во предвид
исто така треба да се земе и однесувањето на многу дефанзивци, кои ги ставаат
рацете зад грб кога одат да блокираат додавање
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани