Поранешниот
фудбалер на Милан, а воедно и легенда на тој клуб, Алесандро Костакурта смета
дека на „Росонерите“ во голема мера им недостасува поранешниот претседател
Силвио Берлускони.
„На Милан му
недостасува Берлускони“ вели поранешниот фудбалер на „Росонерите“, додавајќи и
тајни од работата на поранешниот прв човек на клубот од Милано.
„Тој само ќе ја видеше
листата на фудбалери кои ја освоиле Златната топка и веднаш ќе тргнеше по нив,
засекогаш ќе му бидам благодарен, дури и по критиките од моја страна поради тоа
што навлезе во политиката“ додава Костакурта.
„Јас често ги
критикував властите под негово кормило, дури имаше период кога говорев
позитивни работи за неговите ривали во политиката како Валтер Велтрони, а
Берлускони беше многу лут на таа моја реакција“ открива тој.
„Тасоти,
Костакурта, Бареси, Малдини… ние станавме таков тим најмногу благодарение на
Ариго Саки, тој беше лудак, најпрво не знаевме дали е гениј во тоа што го
работи, или будала, на почетокот беше тешко, но потоа благодарение на неговите
тренинзи многу подобро го разбравме фудбалот, уживавме во играта“ заклучи
Костакурта осврнувајќи се и на периодот под кормилото на Саки.