Репрезентацијата на Македонија ја очекуваат два важни натпревари од квалификациите за Светското првенство против Белгија и Казахстан, а пред овие средби изјава за медиумите даде фудбалерот од средниот ред Тихомир Костадинов.
Членот на Пјаст Главице во изјавата потсети и на двата бода кои ги испушти Македонија во минатиот циклус против Велс.
„Секако дека е крај на сезоната, но крај на сезона е и за нив, ќе бидеме максимално подготвени. Сега имаме малку подолго време за подготовка од претходно и сигурен сум дека ќе го искористиме за да се подготвиме добро за двата натпревари. Играме два многу важни натпреварии, свесни сме дека испуштивме бодови против Велс и жалиме поради тоа. Сега пред нас се нови натпревари за докажување. Кога и да играме за Македонија без разлика во кој период, мотивацијата е тука, тоа не е проблем за никого во репрезентацијата.
Селекторот бара да сме максимално подготвени и ангажирани. Имаме доволно време за анализа и добро ќе го искроистиме.
Потенцираше Костадинов и дека селекција како Велс не смее да се потцени.
Многумина може мислат дека Белгија сега е послаба, можеби оваа генерација нема толку звучни имиња, но имаат фудбалери од светски калибар кои играат во топ 5 клубови и нема потреба да се трошат зборови дали се квалитетна репрезентација.