Јувентус се врати
на врвот во „Серија А“ откако го совлада Интер во дербито на 26. коло., по што
„Старата дама“ сега е на еден бод предност во однос на Лацио, односно седум во
однос на Интер, меѓутоа „Нероаѕурите“ имаат и меч помалку.
Фудбалерите на
италијанскиот првак сосема нормално прославија за големата победа против еден
од двата ривали сезонава за титулата во Италија, па на социјалните мрежи
пренесоа каква била атмосферата од соблекувалната.
Сепак, еден
момент од фотографијата донесе голем број коментари на социјалните мрежи, а се
однесува на начинот на кој Даглас Коста го гледа својот соиграч Кристијано
Роналдо.
Познато е дека
Роналдо има одлична конституција на телото и одлично градена мускулатура која
редовно ја негува, па веројатно е дека Коста беше импресиониран од сето тоа во
оваа ситуација.