66
Шпанија го нема признаено Косово, па на нивниот меѓусебен меч кој наскоро треба да се игра не сакаа да го истакнуваат нивното знаме ниту да ја пуштат нивната химна. А коментаторите добија инструкции Косово да го викаат територија, а не држава.
По ова реагираше Косово и најави дека нема да го игра натпреварот доколку Шпанија се однесува кон нив на таков начин.
Следуваше притисок од ФИФА, УЕФА и ИОК каде Косово е полноправна членка, па Шпанците попуштија, а Косово денеска се пофали дека ја добиле битката и ќе го играат натпреварот.