251
Женската фудбалска репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од Косово со 3-0 на гостински терен во претпоследното коло од групата 6 во сегментот „Ц“ од Лигата на Нации.
Косово по победата во Скопје и вторпат ја совлада Македонија.
Победата домаќините ја обезбедија со погодоците во второто полувреме кога двапати погоди Бичкај во 50 и 60 минута, додека конечниот резултат го постави Мемети во финишот од средбата.
По три одиграни меча Македонија е на последното место со исто толку порази, следен меч е на гостински терен кај Летонија.