Коронавирусот го исплаши Канте, Французинот не се појави на тренинг

by
1 минути читање

Оваа недела, Премиерлигашите
почнаа со тренинзи. Во првата фаза, ќе се тренира во помали групи (до 5
играчи), под строги протоколи, социјална дистанца и без контакт.

Клубовите сметаат
дека здравјето на фудбалерите не е доведено во ризик, но и покрај тоа има
играчи кои не сакаат да тренираат.

Капитенот на
Вотфорд, Трој Дини јавно кажа дека нема да се врати на тренинг, а откако тројца
членови на „стршлените“ беа позитивни на Ковид 19, уште неколку играчи решија
да не се пријават на должност.

Медиумите од
Англија сега пишуваат дека „бунтовник“ има и во редовите на Челси. Нголо Канте
иако во вторникот истрча на теренот, Французинот е загрижен за своето здравје и
смета дека не е безбедно да се тренира.

Френк Лампард
најави дека со сила нема никого да тераат да тренира и ќе имаат разбирање за
секој што ќе одлучи да не се појави на тренинг, па Нголо Канте добил дозвола да отсуствува и да
го прескокне синоќешниот тренинг.

Тој работел дома, и нејасно е кога ќе се врати на тренинзите на „сините“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×