Корберан го „прецрта“ Столе Димитриевски, Валенсија бара нов прв голман

by 24 фудбал
1 минути читање

Столе Димитриевски би можел да остане без шансата што со месеци ја чека – да застане меѓу стативите како прв голман на Валенсија.

Според медиумите од Шпанија, новиот тренер Карлос Корберан побарал засилување на голманската позиција, иако македонскиот репрезентативец веќе имал усмен договор со поранешниот стратег Рубен Бараха. Планот бил Столе да го наследи Мамардашвили, кој се сели во Ливерпул, но смената на кормилото носи и нова визија.

Желба број еден за Корберан е Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао, кој минатата сезона бранеше на 29 натпревари. Трансферот на „Местаља“ е блиску до реализација, што ја става во незгодна позиција иднината на Димитриевски.

Голот на Валенсија што изгледаше како негова следна станица, сега повторно му се лизга од раце. Во јануари остана лојален на клубот иако имаше конкретни понуди, но сега, по најновите случувања, се почесто се споменува можноста за преселба во нова средина каде ќе добие сигурна „единица“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×