Шефот на
стручниот штаб на Интер, Антонио Конте вели дека ќе има простор за Кристијан
Ериксен во тимот, додаде дека очекува долга и исцрпувачка сезона.
Ериксен се враќа
од интернационалната пауза во Интер, откако во дресот на Данска постигна три
погодоци во исто толку и одиграни натпревари, а Конте не крие дека во план му е
да ротира во периодот кој претстои, а се чини дека Данецот ќе добие поголема
прилика.
„Доколку тој игра
помалку или повеќе во Интер, не знам… за мене, тој игра онолку колку што го
почитува тимот“ вели Конте.
„И јас можам да
направам грешки во мојата работа, но среќен сум поради тоа што Ериксен го
внесува во тимот, се надевам и тој е исто среќен, ќе има простор за него, исто
како и за останатите во тимот, ова ќе биде долга и исцрпувачка сезона“ додаде
италијанскиот фудбалски стратег.