Конте не верува дека Реал Мадрид и Менхенгладбах може да ја наместат и со реми да го исфрлат Интер

by
1 минути читање

Интер се врати од мртвите и во последното коло од Лигата на шампионите има реална шанса да помине во следната фаза.

Тие мора да го победат Шахтар на свој терен, а треба да има победник и на дуелот меѓу Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах.

Некои се сомневаат во местено сценарио на овој дуел, но Реал Мадрид не би ризикувал, бидејќи ако Шахтар не загуби од Интер, кралскиот клуб со реми ќе испадне.

Ниту Антонио Конте не верува во местенка меѓу Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах.

„Ние треба да мислиме на победа против многу добар тим. Пред една недела бевме мртви, сега имаме надеж и мора да мислиме на победа. Останатото не ме загрижува, ова е Лига на шампиони, зборуваме за големи клубови. Се надевам дека никој не зборува за вакви шпекулации, таквите озборувања се депресивнии. И Реал Мадрид и Борусија ќе играат на победа“, смета Конте.

Антонио Конте потврди и дека Артуро Видал нема да игра против повреда, се уште не е опоравен за да се врати во игра. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×