Конте инсистира на Бонучи, Јувентус веќе донел одлука за својот фудбалер

by
1 минути читање

Се чини дека Реал
Мадрид е веќе минато во случајот Леонардо Бонучи, Манчестер Сити го чека првиот
потег на Челси за да влезе и официјално во трката за одличниот дефанзивец на
Јувентус.

Првичните
информации кои пристигнуваат од Италија велат дека понудата која тимот од
Лондон ја има подготвено за италијанскиот репрезентативец изнесува 55 милиони
евра плус бонуси.

Италијанскиот стратег од клупата на шампионот на
Премиерлигата, Антонио Конте инсистира на реализација на овој трансфер, наводно
на Бонучи ќе му биде понуден петгодишен договор со годишна плата од 7 милиони
евра.

Според
информациите кои ги пренесуваат италијанските медиуми се вели дека Јувентус
веќе ја донел конечната одлука околу опцијата Леонардо Бонучи, тој наводно може
да си замине летово од италијанскиот шампион, кој според последните информации
чека конкретна понуда за реализација на овој трансфер.

Бонучи има
важечки договор со Јувентус до 2021. година, овој податок му дава голем комфор
на италијанскиот шампион да заработи одлична сума за обештетување а воедно и
ослободување на 30 годишниот дефанзивец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани