Конте и Гвардиола во трка по фудбалер на Монако

by
1 минути читање

Пеп Гвардиола е голем фан на 21-годишниот француски фудбалер и се шпекулира дека посакува да го донесе во Манчестер Сити во летниот преоден рок.

Но, информациите од Л’Екип велат дека во трката се приклучува и лидерот на табелата во Англија, Челси.

Прогресот на младиот фудбалер го следат и Јувентус и Баерн Минхен кои исто така се подготвени да реагираат.

Како и да е, договорот на Томас Лемар со Монако трае до 2020 година, клубот нема да го продаде фудбалерот за сума под 34 милиони фунти.

Со продажбата на Лемар, Монако ќе направи голем профит бидејќи го купија од Каен за само 3 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани