123
Конте ужива фантастична сезона со Челси во Премиерлигата, убедливо води на табелата и на добар пат е да стане шампион на Англија. Но и покрај сето тоа, се шпекулира дека тој би можел да се врати во Италија.
Според „Ла Република“, Конте страда од носталгија, не може да се прилагоди на животот во Лондон и негови претставници веќе почнале преговори со Интер.
„Тутоспорт“ исто така ја прати ситуацијата, според нив Стефано Пиоли ќе го води Интер до крајот на сезоната, а потоа Конте би можел да биде неговиот наследник.
И покрај ваквите информации од Италија, тешко може да се замисли дека Конте би заминал од Челси доколку ја освои Премиерлигата.