„Конте е како вулкан кој секогаш е подготвен да еруптира, но…“

by
1 минути читање

Антонио Конте не го криеше незадоволството од трансфер активностите на Интер, но сега потполно го разбира клубот и има само едно барање за јануарскиот преоден рок.

Интер како и останатите клубови од Серија А, не може да троши многу пари во јануари поради ковид кризата, пишува „Газета дело Спорт“ и тврди дека Конте сега ја разбира ситуацијата во клубот и јавно не ја искажува фрустрацијата.

„Конте е како вулкан кој секогаш е подготвен да еруптира, но овој пат ги разбира клупските потешкотии“, пишува весникот.

„Тој е усогласен со своите директори и знае дека сега не е време за тупаница на маса“.

„Газета дело Спорт“ открива дека Конте минатото лето го сакал Канте од Челси, но зделката била многу комплицирана и не се реализираше.

За во јануарскиот преоден рок има само една желба, го сака Леандро Паредес од ПСЖ кој би можел да пристигне во размена за Кристијан Ериксен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×