КОНМЕБОЛ со полни раце работа, жалба достави и Ривер, не сака да игра во Мадрид!

by
2 минути читање

КОНМЕБОЛ синоќа
го прецизираше местото и датумот за реваншот помеѓу Ривер и Бока. Лутите ривали
треба да се сретнат на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид на 9. декември а мечот ќе започне во
20:30 часот.

Секако, сето ова
беше условено од тоа каква казна ќе изрече дисциплинската комисија по
инцидентите кои се случија пред „Монументал“ кога со камења и солзавец беша
нападнат автобусот на Бока.

Откако неколку
дена се прегледуваа доказите, дисциплинската комисија реши да го казни Ривер со
парична глоба од 400.000 долари и два меча без публика и да го одбие барањето на Бока за дисквалификација на противникот.

Бока уште од
поодамна најави дека нема намера да игра и дека бара на зелена маса да ја добие
титулата, па по ваквата одлука уште еднаш соопшти дека најпрво ќе достави жалба
до КОНМЕБОЛ, а доколку добие нов негативен одговор, ќе се пожали и до Судот за
спортска арбитража (ТАС).

Но ниту Ривер не
седи со скрстени раце, па и тие најавија дека ќе достават жалба до КОНМЕБОЛ.
Ривер ја обжалува одлуката реваншот да се игра на „Сантијаго Бернабеу“ а не
како што првично требаше на „Монументал“. Популарните „милионери“ исто така сметаат
дека е престрога паричната глоба од 400.000 долари како и играње два меча без
публика, па и овие две одлуки ќе бидат обжалени.

И додека КОНМЕБОЛ
има почни раце работа со жалбите, тешко е за верување дека ќе биде преиначена
одлуката мечот да се игра во престолнината на Шпанија. Па затоа двата клуба
веќе прават логистички планови за пристигнување во Мадрид следната недела и
резервирање на тренинг центри каде ќе се подготвуваат за пресметката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани