Навивачката група Комити уште еднаш потврди дека солидарноста, хуманоста и чувството за заедништво се длабоко вкоренети вредности што ја водат нивната мисија и надвор од стадионите.
Преку серија хуманитарни активности, членовите на групата успеаја да соберат вкупно 735.200 денари за поддршка на семејствата погодени од неодамнешната трагедија во Кочани.
„Трагедијата во Кочани никогаш не смее да се заборави, ниту да се повтори. Најважно сега е да им помогнеме на семејствата на настраданите, на сите што се борат со последиците од оваа несреќа“, стои во дел од објавата во која информираа за донациите.
Исто така тие објавија и од која акција колку средства се собрани.
• Веднаш по трагедијата, се упативме во Државната Болница во Скопје, каде што однесовме храна, вода и финансиска помош – 17 000 ден.
• На натпреварот против РК Алкалоид, наши членови донираа 39.600 ден.
• На натпреварот против Ц. Ѕвезда, наши членови донираа 378 600 ден.
• Донациите од кутиите пред стадионот во висина од 100 000 ден. ги дониравме на семејството на Сара Пројковска, вокал на групата ДНК, која жал е една од жртвите на трагедијата.
• Нашата подгрупа – Комити Драчево донираше 200 000 ден. директна помош!