Минатата недела се појавија гласини за заминување на Серхио Рамос од Мадрид. И дека ова е реалност, брзо пристигна потврда откако Реал достави понуда до Наполи за Калиду Кулибали.
Медиумите од Шпанија сега имаат нова информација за иднината на дефанзивецот. Во емисијата „Хугонес“ на Ла Секста беше пренесено дека Серхио Рамос добил богата понуда од Азија па побарал од Флорентино Перез да не му стои на патот и да му дозволи да го напушти клубот без обесштетување.
Серхио Рамос, кој има договор со „кралевите“ до 2021 и откупна клаузула од 800 милиони евра, добил примамлива плата од клуб од Кина. Детали за овој предлог не беа откриени, но може да се замисли дека е некоја прилично висока сума и Шпанецот има прилика да стане еден од најплатените фудбалери во светот на фудбалот чим се решава на еден ваков чекор.
Своето барање, Серхио Рамос го доставил на средбата со Флорентино Перез на која присустувале и неговиот брат и агент Рене Рамос и адвокатот Хулио Сен. Првиот човек на Реал Мадрид сепак не сакал да слушне за вакво сценарио и остро се спротиставил.
„Не можеш да заминеш! Реал не може да го подари својот капитен некому!“ – гласела пораката на претседателот.