Кол со критика за Солшер: Ако сака да освојува титули, мора да научи да победува и големи тимови

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед има катастрофален учинок против најдобрите шест екипи во Англија. На седум средби има дадено само еден гол и тоа во поразот од 6-1 од Тотнем, дури пет меча им завршија 0-0, а имаат пораз и од Арсенал.

„Манчестер јунајтед не може да игра така. Загрижувачки е. Доколку мислите дека можете да ја освоите титулата или да бидете предизвикува за неа, треба да постигнувате голови“, вели Енди Кол.

„Сер Алекс Фергусон единствената работа која постојано ни ја велеше беше: Излезете на теренот, уживајте и забавувајте се“.

„Тоа треба да го прави Јунајтед, треба фудбалерите да имаат чувство дека се забавуваат. Треба да покажете почит кон противникот, но не и да се плашите од него“.

„Доколку погледнете назад, историјата на Јунајтед е составена од играње на добар фудбал и се обидува да победува на тој начин. А не да се затвори позади и да победи со 1-0. Јунајтед не може да игра така“.

„Ајде да бидеме прецизни. Ако некогаш сакате да ја освоите лигата, морате да ги победувате и големите тимови. Со нерешени натпревари нема да го направите тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×