Која ќе биде следната дестинација на Алексис Санчез?

by
1 минути читање

Договорот на Санчез со Арсенал истекува по крајот на следната сезона, па доколку клубот не успее да обезбеди продолжување на соработката ќе мора да го продаде ова лето со цел да заработи од неговото заминување.

Како сезоната се ближи до крај, се појасно е дека Санчез нема да стави потпис на нов договор со Арсенал. Клубот не му нуди плата каква што може да добие на друго место, а во последно време Чилеанецот се однесува непримерно и има кавги со Венгер и соиграчите.

Информациите од Англија велат дека ПСЖ е во пол позиција за ангажман на Алексис Санчез. Тие му нудат плата од 300.000 фунти неделно, највисока од сите заинтересирани.

Втора опција е Јувентус, италијанскиот шампион исто така силно е заинтересиран за Санчез, но не може да му ја понуди платата која му ја нуди ПСЖ.

Не се исклучува можноста Санчез да прифати да игра за пониска плата во Јувентус отколку да се пресели во ПСЖ, но мали се шансите за такво нешто.

Опција за Чилеанецот е и враќање во Шпанија, таму се поврзува со два клуба, Атлетико Мадрид и Севиља.

Атлетико Мадрид во Санчез би добил идеална замена за Антоан Гризман кој веројатно ќе направи трансфер во Манчестер јунајтед, а во Севиља би работел со Жорге Сампаоли, неговиот сонародник кој му беше селектор во националниот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани