64
Популарниот
„Супер Марио“ првиот дел од сезоната мизеруваше во Ница, не можеше да постигне
гол, а и еден месец беше надвор од тимот поради недоразбирање со управата.
Кон финишот на
зимскиот преоден рок, тој се пресели на Велодром и за брзо време се препороди
во дресот на Марсеј. Марио Балотели постигна гол веќе на своето деби, а за месец
дена стигна до бројката од четири, вечерва со волеј го „начна“ Сент Етјен“.
Па се врати неговата насмевка, но и глупостите. Откако ја затресе
противничката мрежа, Италијанецот зема телефон од фоторепортерот кој стоеше зад
голот и го собра тимот на Марсеј за селфи. Но тој не застана тука, сними и дел
од прославата а видеото веднаш го објави на социјалните мрежи.