Доколку Јувентус загуби од Наполи во среда, Пирло ќе добие отказ, тоа го тврдат италијанските медиуми.
„Ла Република“ објави дека доколку Пирло добие отказ пред да заврши сезоната, неговиот помошник Игор Тудор ќе биде назначен за привремен тренер, а паралелно ќе се бара нов шеф на стручниот штаб кој би почнал со работа по крајот на оваа сезона.
Масимо Алегри се посочува како можен наследник, но проблем е неговиот нарушен однос со Павел Недвед и Фабио Паратичи кои го отпуштија по крајот на сезоната 2018-19.
Алегри се уште е во добар однос со претседателот на клубот, Андреа Ањели со кои беше виден на вечера изминатиов викенд.
„Спортмедиасет“ тврди дека фановите на Јувентус сонуваат за доаѓање на Зинедин Зидан.
А кандидати за наследник на Пирло се и Џан Пјеро Гасперини, Симоне Инзаги и Лучијано Спалети.