84
Шпанецот има уште
две години од сегашниот договор, и тој минатата недела порача дека има намера
да ги одработи и покрај тоа што на Манчестер Сити му се заканува казна од УЕФА
и исфрлање од Лигата на шампионите како и интересот на Јувентус за неговите
услуги.
Но лидерите на „граѓаните“
не сакаат ништо да ризикуваат, планираат да ја обезбедат долгорочната иднина на
Пеп Гвардиола па ќе му
понудат нов договор.
Според пишувањата
на „Сан“ и „Дејли Мејл“, стратегот ќе добие пет годишен договор вреден 100
милиони фунти.
Тоа ќе значи значајно зголемување на платата, односно од сегашните 15 милиони по
сезона, неговите примања ќе скокнат на 20 милиони фунти.