99
Жозе Мурињо најверојатно ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, а тоа ќе биде соопштено по крајот на сезоната.
Постојано се пишува дека Мурињо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид. И покрај тоа што Португалецот официјално негираше дека има разговори, шпанските медиуми тврдат дека веќе е постигнат и договор.
Во 2010 година кога Жозе Мурињо првпат пристигна во Реал Мадрид, тогаш тој дојде откако кралскиот клуб имаше две сезони по ред без да освои трофеј.
Португалецот сега пак доаѓа во иста ситуација, кога Реал Мадрид две сезони по ред е без трофеј.
Тој со Реал Мадрид ја освои Ла Лига, го освои Купот на Шпанија и триумфираше во Суперкупот на Шпанија, пред да замине.