Клубовите во „Серија А“ дадоа зелено светло да се комплетира сезоната

by
1 минути читање

„Серија А“ ја
префрли топката кај властите во Италија откако објави дека и официјално постои
согласност помеѓу сите 20 клубови за актуелната сезона да биде комплетирана, а
оваа интенција одреден период беше под знак прашалник околу тоа дали сите
даваат зелено светло за таков исход, за што сега има и официјална потврда.

Состанокот на
Серија А беше одржан утрово, тој е веќе потврден со тоа што се изврши анонимно
гласање на сите 20 клубови преку видео конференција со интенција да се
комплетира сезоната 2019/20, секако, доколку владата дозволи такво нешто во
согласност со мерките и препораките за заштита на здравјето
“ се вели во
соопштението на „Серија А“.

Продолжувањето
на спортските активности, или така-наречена „втора фаза“ од сево ова, веќе беше
објавена претходно, а сега истата ќе се води според насоките на ФИФА и УЕФА,
како и одлуките кои ќе ги донесе Фудбалската федерација на Италија, во
согласност со здравствените протоколи за да се заштитат фудбалерите и
останатиот персонал
“ додаваат од таму.

За комплетирање
на актуелната сезона во „Серија А“ преостануваат уште 12 кола, а во моментов
Јувентус е лидер со 63 бода, еден повеќе од Лацио, Интер со 54 бода е трет, но
и со меч помалку во однос на останатите две екипи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани