Серија А ги
пегла деталите за ре-стартот на сезоната и се шпекулираше дека во продолжението
од сезоната ќе гледаме Калчо во три термини, односно натпреварите ќе почнуваат
во 16:30, 18:45 и 21 часот.
Асоцијацијата на
фудбалери од Италија бурно реагираше на ваквите најави со оглед на тоа дека
темературите ќе бидат прилично високи во јуни и јули.
„Не доаѓа во
предвид да се игра во 16:30 попладне во јуни и јули, кога температируте се највисоки“ – вели потпретседателот на АИК, Умберто
Калкањо.
„Знам дека имаше
ваков термин на Светското првенство во 1994, но се одиграа само неколку натпревари,
сега станува збор за многу повеќе“.
„Претседателите
на клубовите треба малку повеќе да се грижат за здравјето и безбедноста на
своите играчи, и да не мислат само на парите, ТВ правата и рејтинзите. Според
нас, опција се само два термини, да има натпревари од 18:45 и 21 часот“.
Синоќа до Министерот
за спорт беше доставен новиот протокол за натпревари, и во него немаше ништо за
мечеви во ран термин.