Маурицио
Ѕампарини конечно го продаде Палермо, за својот клуб ќе добие само 10 евра од
компанија од Лондон.
Од поодамна се
водеа преговорите меѓу Ѕампарини и англиската компанија, а сега договорот и
официјално е склучен.
„Палермо може да
соопшти дека пакетот од 100% од акциите на Палермо е потпишан на нотар и за
следната недела е планиран состанок со претставници на компанијата од Лондон, на новите сопственици со тимот и градот“, се вели во соопштението на Палермо.
Ѕампаини е
сопственик на Палермо од 2002 година кога го купи клубот од Франко Сенси во
2002 година.
„Размислувајќи за
иднината на клубот и фановите на Палермо потпишав договор за мое заминување од
сопствеништвото, со грутка во моето грло“, изјави Маурицио Ѕампарини.
„Палермо е
продаден за симболична сума од 10 евра, и со обврска новите сопственици да го
вратат кредитот на клубот во изност од 22,8 милиони евра со што ќе се гарантира
финансиска стабилност“.
Палермо во
моментов е прв во Серија Б, иако нема победа на последните два натпревари.