Арне Слот открива дека Јирген Клоп во два наврати одбил покана да биде гостин на Енфилд (против Манчестер Сити и Реал Мадрид) и порача дека вратите на клубот секогаш се отворени за Германецот.
По девет години на кормилото на „црвените“, Јирген Клоп го напушти клубот по крајот на минатата сезона.
Германецот е миленик на публиката откако по долги години пауза го врати трофејот од Премиерлигата на Енфилд, а донесе и триумф во Лигата на шампиони.
Сепак, Јирген Клоп се уште се нема вратено на Енфилд по разделбата, а Арне Слот открива дека поранешниот тренер во два наврати одбил покана.
„Го покани на натпреварите против Манчестер Сити и Реал Мадрид, но ми кажа дека имал работа и бил некаде по светот“ – вели Холанѓанецот.
„Може да дојде тука кога сака, не само да следи натпревар, може да дојде и во тренинг центарот. Вратите се широко отворени за Клоп“.
„Во првиот дел од сезоната, тој уживаше во животот со сопругата, а во моментов има работа“.