Клоп вели дека нема со сила да го држи Салах во Ливерпул и додава: Може да замине само поради една причина

by
1 минути читање

Мохамед Салах
покрена лавина гласини откако во интервју за АС изјави дека во иднина би можел
да заигра за Реал Мадрид или Барселона и изрази разочарување од одлуката да не
ја носи капитенската лента на дуелот со Митјиланд во Лигата на шампионите.

Јирген Клоп неодамна
истакна дека Мохамед Салах е среќен на Енфилд, а сега одново проговори за
ситуацијата на Египјанецот.

„Во моментов,
единствена причина за заминување од Ливерпул е времето. Која друга причина би
ја имале? Ова еден од најголемите клубови во свето. Плаќаме убава плата, можеби
не е најголемата во светот, но е сосема убава. Имаме сензационален стадион со
неверојатни навивачи, имаме огромна армија навивачи ширум светот и нашата боја
е црвена, што секако е најубавата боја“
– вели Германецот.

„Нема со сила да
терам некој да остане. Никогаш нема да го сторам тоа. Доколку некој побара да
замине, веројатно нема да можеме да го задржиме. Но не би разбрал зошто некој
би сакал да си оди“.

„Сигурен сум дека
нема да најдете играч, кој на прашање за Реал и Барса ќе ви рече, „Не,
шпанскиот фудбал не е за мене. Зошто би се испробал таму?“. Тој кажа ќе видиме,
и се е во рацете на клубот што е 100% точно“
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×