По четири порази едноподруго во Премиерлигата, Ливерпул синоќа се израдува на победа откако го совлада Шефилд јунајтед со 2-0.
Нов предизвик за црвените е Челси, а Клоп сподели добри вести, дел повредените фудбалери се враќаат.
„Сигурен сум дека Алисон и Фабињо ќе може да играат во четврток. Жота беше со нас во хотелот пред мечот со Шефилд, но преку ноќ се разболе и го пративме дома. Па зависи колку брзо ќе се опорави“, вели Клоп.
„Тој не беше во составот за мечот со Шефилд, но тренираше со тимот претходно и изгледаше многу добро. Мислам дека ќе биде подготвен за во четврток, но не можам тоа со сигурност да го кажам“.
„Сепак би рекокл дека ќе биде спремен. Фабињо тренираше двапати со тиимот и би требало и тој да биде на располагање“.
Алисон поради смртта на неговиот татко не беше во тимот за дуелот со Шефилд јунајтед, бранеше Адриан.
Фабињо е во аут повеќе од еден месец, откако на 24 јануари на куп мечот со Јунајтед заработи повреда.
Жота е надвор од стројот од декември кога се повреди на мечот од Лигата на шампионите против Митјиланд.