Клоп, Солшер и останатите имаа што да гледаат, Хаверц брилијантен, Санчо испиша историја, Хакими блескаше (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фудбалот во
најголемиот дел од Европа мирува, па сите очи се вперени кон Германија, каде се
игра второто коло од ре-стартот на сезоната. Младите фудбалери кои се мета на
многу гиганти успеаја да покажат зошто се барани.

Каи Хаверц, кој е
желба на Ливерпул, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Тотнем, Челси, Барса и
ПСЖ, беше брилијантен против Борусија Менхенгладбах и со два гола го предводеше
Баер Леверкузен до триумф од 1-3.

На мечот помеѓу
Волфзбург и Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо испиша историја и стана првиот
играч на „милионерите“ кој забележал 16 асистенции
во Бундеслигата (од сезоната 2004/05 кога Опта
води ваква стастика). 
Англичанецот исто
така е следен од Ливерпул, Манчестер јунајтед и останатите погореспоменати
клубови.

Покрај Санчо, на теренот блескаше и Ашраф Хакими
со продори по десната страна и гол во победата од 0-2. Десниот бек е во сопственост на Реал
Мадрид, но има многу клубови кои се подготвени да тргнат во офанзива доколку за
него нема место на Бернабеу

На останатите натпревари од 15:30 часот, Падербон
и Хофенхајм одиграа 1-1, а Вердер Бремен освои три големи бода на гостувањето
кај Фрајбург со триумф од 0-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×