Ливерпул денес
гостува кај незгодниот Ватфорд во рамките на 13 коло од англиската Премиерлига,
каде со досега освоени 30 бода е на второто место на табелата, со два бода
заостанување зад лидерот Манчестер Сити.
За време на
вчерашната пресконференција на Јирген Клоп, шефот на стручниот штаб на Ливерпул
во пресрет на денешното гостување, Германецот се осврна и на коментарите на
селекторот на Египет, Хавиер Агире, кој рече дека, доколку Ливерпул посакува да
го задржи во своите редови, ќе мора да освојува титули.
„Јас само би
кажал дека доколку тој (Агире) не освои титула во следните две години тогаш би
требало да се повлече“ изјави Клоп.
„Не знам зошто
луѓето даваат такви изјави, не се сложувам со тоа, меѓутоа живееме во слободен
свет и тој може да каже што посакува“ заклучи германскиот тренер.