Ван Дајк, Гомез и Матип се во аут поради повреди, па Клоп мака мачи да ја состави дефанзивата, синоќа против Саутемптон централни дефанзивци беа Хендерсон и Фабињо.
Но, статистиката вели нешто друго, причината за изминатите три кикса на Ливерпул е нападот, а не одбраната.
На три натпревари тимот на Клоп има дадено само еден гол, а прими два. По ремито со ВБА 1-1, следуваше меч без голови со Њукасл, па пораз од Саутемптон со 1-0.
Ливерпул оваа сезона има примено 21 гол досега, но дури една третина од тие погодоци се од натпреварот против Астон Вила на кој централни дефанзивци беа Ван Дајк и Гомез.
На Ливерпул очајно му е потребно засилување во одбраната со цел Клоп на тие позиции да не импровизира и да става играчи од средниот ред, но за да излезат од кризата, црвените мора да ја подобрат играта во нападот каде со исклучок на Жота го имаат целиот расположлив арсенал.