Трагичната смрт на португалскиот фудбалер Диого Жота ја потресе светската фудбалска јавност утринава, откако ѕвездата на Ливерпул загина во сообраќајна несреќа. Целиот фудбалски свет се простува од Жота, а своја емотивна порака испрати и неговиот долгогодишен тренер Јирген Клоп, кој го доведе во Ливерпул.
Беше тоа пред пет години кога Клоп одлучи клубот да плати 45 милиони евра за доведување на Португалецот, што се покажа како одличен потег. „
„Ова е момент во кој навистина патам! Мора да постои поголема смисла, но не ја гледам! Срцето ми се скрши кога слушнав за смртта на Диого и неговиот брат Андре. Диого не беше само фантастичен фудбалер, туку и одличен пријател, сакан и посветен сопруг и татко! Навистина ќе ни недостигаш!“ објави Клоп.
Тој му изрази поддршка на сопругата на Диого, Руте, со која фудбалерот има тројца синови.
„Сите мои молитви, мисли и сила се со Руте, децата, семејството, пријателите и сите што ги сакаа! Почивај во мир“, додаде Клоп.
Клоп со Жота соработуваше до пред една година, кога го напушти кормилото на Ливерпул. Португалскиот фудбалер минатата сезона стана шампион на Англија, двапати освојувајќи го Лига Купот, а еднаш и ФА Купот. За „црвените“ одигра 182 натпревари и постигна 65 голови.