„Црвените“ се вратија на врвот на табелата откако стигнаа до драматична победа на гостувањето кај Њукасл но Мохамед Салах ги исплаши фановите.
Египјанецот мораше на носилки да го напушти теренот. Првите неофицијални информации велеа дека повредата не е сериозна, а ова сега го потврди и Јирген Клоп.
„Ќе мора да видиме, доби силен удар во главата. Го догледа мечот од соблекувалната, се чини дека e ОК, но ќе треба да направиме дополнителни тестови“ – кажа Германецот во разговор за БиБиСи.
Неколку минути подоцна, Јирген Клоп на пресот додаде: „Разговарав со него. Доби колк во главата и докторот мораше да одлучи. Сите паметиме што му се случи на Вертонген. Па докторот одлучи дека мора да го напушти теренот. Кога влегов во соблекувалната, тој го гледаше натпреварот. Беше добар, но ќе мора да почекаме“.