Клоп освои повеќе бодови од најдобрата сезона на Фергусон, а Сколс му објаснува на кој меч кикснал

by
1 минути читање

На две кола пред крајот Ливерпул има 91 бод во Премиерлигата, толку бодови има освоено Сер Алекс Фергусон во својата најдобра сезона со Манчестер јунајтед. Јирген Клоп ќе го надмине рекордот на Ферги, но веројатно тоа нема да биде доволно за освојување на трофејот.

Пол Сколс кој се покажа како лош тренер но е познат фудбалски критичар во Англија, смета дека Ливерпул нема да ја освои Премиерлигата затоа што не успеале да победат на Олд Трафорд во февруари кога Манчестер јунајтед бил значително ослабен и во лоша форма. Тој меч заврши без голови.

„Тоа што го направија овие два тима е сензационално. Мислам дека Ливерпул тешко би можел да дојде до титулата. Не ми е жал за никој од нив. Ниту ќе бидам среќен, ниту ќе ми биде жал. Треба да го цените тоа што го направија. Кога ќе се свртите назад, особено во последните неколку натпревари, мислам дека најголемата грешка на Ливерпул е што не го победија Јунајтед на Олд Трафорд“, смета Сколс.

„Кога ќе видите колку играчи на Јунајтед му недостасуваа на тој натпревар. Мислам дека имаа тројца повредени, а Лингард се враќаше исто така од повреда. Ливерпул беа лоши тој ден“.

„Видовте кога Сити играше на Олд Трафорд, беше доминантен, навистина изгледаа како врвен тим“.

„Мислам дека Ливерпул, иронично, можеби ја загубија титулата на Олд Трафорд“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани