Клоп: Од сликата што ја видов нема офсајд… сите ми велат дека нема офсајд.. па некој ќе треба да ми објасни (ФОТО)

by
2 минути читање

Евертон и
Ливерпул одиграа возбудлив меч кој заврши без победник. Но во финишот имаше
контроверзен момент. Џордан Хендерсон во судиското надополнување погоди за
водство од 2-3, но голот беше поништен со помош на ВАР поради офсајд на Садио
Мане на зачетокот од акцијата.

Од повторените
снимки тешко е да се каже дека Сенегалецот беше во недозволена ситуација, или
ако веќе ја имало, се работи за милиметарски офсајд.

„Ја погледнав
сликата, но извинете, јас не видов офсајд. Некој ќе треба да ми објасни зошто
голот на Џордан Хендерсон е поништен“
– рече Јирген Клоп по натпреварот
за БТ.

На прес
конференцијата, тој додаде: „Кога влегов во соблекувалната, сите гледаа во
лаптопот и ги прашав што се случува. Ми рекоа дека го гледаат спорниот момент и
не разбираат зошто беше досуден офсајд“.

„Видете, јас сум
голем поддржувач на ВАР. Против Астон Вила минатата сезона ни досудија офсајд
бидејќи играчот со пазувите бил во недозволена ситуација… Звучи смешно, но се помиривме.
Сега, и јас ја видов сликата на лаптопот, нема офасајд ситуација поради
пазувите, нема никаков офсајд… Дадов десет интервјуа и сите ми велат дека немало офсајд, но немам големо фајде од тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани