Тренерот на
Ливерпул е еден од најхаризматичните ликови во светот на фудбалот, а синоќа
беше особено расположен откако конечно се израдува на првиот трофеј на
кормилото на „црвените“.
Германецот им запеа на хејтерите кои постојано му посочуваа дека загубил шест финалиња во
низа, а на пресот направи ново шоу. Тој сакаше на новинарите да им открие дека
Пеп Гвардиола му се јавил да му честите, но за кратко разговорот отиде во друга
насока.
„Пред неколку
секунди разговарав со Пеп Гвардиола на телефонот“ – рече Клоп.
„Нашиот прв човек
на физиотерапефтите работеше во Манчестер Сити на почетокот од сезоната но
сакаше да ја освои Лигата на шампионите… не, се шегувам со вас!“
Откако сите се
насмеаја, тој објасни што си ветиле со тренерот на Манчестер Сити.
„Си ветивме дека и следната сезона ќе се клоцаме во задникот, ќе се бориме за
сите титули и ќе видиме што ќе освоиме“.
Klopp explicando lo que se han dicho con Guardiola tras ganar la champions, genio y figura pic.twitter.com/NbJQVwe6o8
— VidaBlaugrana (@Vida_Blaugrana) June 2, 2019