Клоп: Не знам дали ми е дозволено да го кажам ова тука… добив маса на Ибица во полн ресторан за тоа што го победив Реал!

by
1 минути читање

„Црвените“ утре
гостуваат на Камп Ноу во полуфиналето од Лигата на шампионите па Јирген Клоп
денеска се појави пред медиумите.

Барселона има
одлична сезона, и Германецот беше запрашан дали ова му е најтешкиот противник
во Европа до сега.

„Не знам дали ми е дозволено да го кажам ова тука, но дуелите со Реал Мадрид
воопшто не беа лесни. Но поради тоа што го имам победено Реал неколку пати,
еден ден добив маса во полн ресторан на Ибица. Kога тие сфатија кој сум, ми
рекоа, „Јирген Клоп, го победи Реал Мадрид! Влегувај“. Ниту со Баерн не беше
лесно. Но секако, кога играте против Барселона, тоа е еден од најтешките
натпревари. Сепак, и дуел\ите со Манчестер Сити во Премиерлигата не се прошетка
во паркот“
– вели Јирген Клоп.

„Не е возможно да се биде перфектен во ваков натпревар, сигурно ќе направиме
грешки. Дали ќе страдаме? Ох да, 100%. Дали ќе ни се укаже некоја шанса?
Секако, и се надевам дека ќе ги искористиме сите прилики“.

„Знам дека луѓето
велат дека оваа Барселона не е онаа старата Барселона сега кога Чави и
Иниеста повеќе не се дел од составот, но тие се брилијантен тим. Ова е нашата
втора година на ова ниво. Тие се тука 20 години“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани