299
Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп сега е директор на сите фудбалски клубови на Ред Бул, па тој се прашува за спортскиот сектор од работата, а една негова одлука била пресудна Тен Хаг да не биде тренер на Лајпциг.
„Скај Спортс“ објави дека во Лајпциг размислувале да го ангажираат Тен Хаг во случај да му дадат отказ на Марко Розе.
Но, Јирген Клоп не дозволил да се случи тоа, сметал дека Тен Хаг не е доволно добар тренер за германскиот тим.