Водечкиот тим на
табелата во Премиерлигата, тимот на Ливерпул вечерва гостува кај мошне
незгодниот Вулверхемптон во рамките на редовното 18 коло од најсилниот англиски
фудбалски шампионат.
Говорејќи во
пресрет на вечерашното гостување, Клоп беше запрашан и за неговиот ривал за
титулата во Премиерлигата, Манчестер Сити, а за таа екипа Германецот посочи
дека единствено самата себе си може да се сопре, никој друг.
„Да бидам искрен,
само Сити може да го сопре Сити“ рече Клоп алудирајќи на тоа дека единствено
самиот Манчестер Сити би можел сам да се сопре, при евентуални свои грешки и
слично во борбата за одбрана на титулата во најсилниот фудбалски шампионат на
Англија.
„Ние само треба
да продолжиме да ја играме нашата игра, на начин на кој ние тоа знаеме да го
правиме. Не можам да кажам колку Сити има среќа во натпреварите, не постои
такво нешто, едноставно е, тие на секој натпревар му пристапуваат максимално,
такви беа лани, такви се и годинава“ додаде германскиот фудбалски стратег.