Клоп и Мурињо се обединија во критиките кон Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

По слабиот старт на сезоната, Манчестер јунајтед сега е во најповолна позиција во Премиерлигата, имаат исто бодови на врвот со Ливерпул но и натпревар помалку кој доколку не го загубат ќе избијат на чело на табелата.

Јирген Клоп и Жозе Мурињо токму во овој момент на добра форма на Манчестер јунајтед почнаа да пукаат по црвените ѓаволи, тоа може да се оцени и како почеток на психолошка војна.

Синоќа, по поразот од Саутемптон и недосудениот пенал за Ливерпул, Клоп изјави дека Манчестер јунајтед за две години има добиено повеќе пенали отколку тој за пет и пол години колку што е во Англија.

Два дена претходно и Мурињо без да биде прашан посочи дека Манчестер јунајтед добива многу пенали.

Тој индиректно во својата изјава посочи дека добриот голгетерски скор на Бруно Фернандеш се должи и на големиот број пенали кои се судат за Манчестер јунајтед, сакајќи да каже дека за разлика од португалскиот играч, Сон без помош на удари од белата точка постигнува многу голови.

Бруно Фернандеш има дадено дури 15 голови од пенал за Манчестер јунајтед во сите натпреварувања, а во клубот пристигна во јануари минатата година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×