117
„Лисиците“ на
големо изненадување вчера решија да се разделат со Клаудио Раниери, па отказот на
Италијанецот денеска е топ тема.
Ливерпул во
понеделник му гостува на Лестер, и на денешната средба на Јирген Клоп со
новинарите неизбежно беше прашањето за одлуката на шампионот на Англија.
„Дали сум
изненаден што вакви работи се случуваат? Не” – вели менаџерот на „Црвените“.
„Имаше неколку
чудни одлуки, како Брегзит, Трамп и Раниери”.
Запрашан
дополнително за околностите под кои Раниери доби отказ, Германецот одговори: „Не
сум запознаен доволно. Треба да ја прашате управата на Лестер зошто донеле
ваква одлука”.
„Ние треба да го
очекуваме најдобриот Лестер во понеделник”.