Клоп: Добро е што не игравме повторно со Евертон брзо по тој меч…

by
1 минути читање

Утре со почеток
од 18,30 часот се игра дербито на Мерсисајд, каде се среќаваат Ливерпул и
Евертон, а последниот меѓусебен дуел заврши со реми и резултат 2-2, но, истиот
меч ќе остане запаметен по лошо за Јирген Клоп поради повредата на столбот во
одбраната, Вирџил Ван Дајк, повреда со која ја заврши сезоната.

И покрај тоа што
се случи претходно, Клоп уверува дека таа ситуација колку и да донесе
негативности за неговиот тим е веќе минато, алудирајќи на тоа дека нема да
постои никаква омраза кон голманот на „Карамелите“, Џордан Пикфорд кој имаше
директен судир со Холанѓанецот во таа прилика.

Ништо нема да
влијае на мечот од тоа што се случи претходно, едноставно така ќе биде…
“ рече
Клоп на денешната пресконференција.

Една седмица
потоа, две, или три ние ја добивме анализата за повредата на Ван Дајк, а потоа
следеа сите тие несакани последици, добро беше што не игравме со Евертон брзо
по тој меч, еве ќе бидам искрен и тоа ќе го кажам
“ додаде германскиот фудбалски
стратег.

Ние сите сме
човечки суштества, сето тоа што се случи не беше убаво, меѓутоа е зад нас,
повеќе ни ни помислуваме на тоа, станува збор за дерби пресметка и тоа е сосема
доволно за мотивација во тимот
“ заклучи Клоп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×