Шефот на
стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп ги демантираше шпекулациите низ
медиумите дека првата ѕвезда на „Редсите“, Мохамед Салах во блиска иднина би
можел да си замине од „Енфилд“ по една негова изјава која привлече големо
внимание кај јавноста.
„Салах е во
одлично расположение тука, има убави моменти во тимот, навистина е во одлично
расположение“ рече германскиот фудбалски стратег на пресконференцијата во
пресрет на дуелот со ВБА на домашен терен во 15 коло од Премиерлигата
претстојниов викенд.
„Тоа што Салах е
во одлично расположение во нашиот тим е најважното нешто во моментов, денеска
би имале можност да го проследите како постојано беше со насмевка на своето
лице за време на тренингот, за останатото, убаво од ваша страна што пишувате на
таа тема, меѓутоа нема ништо вистина во сето тоа“ додаде предводникот на
англискиот првак.
Запрашан за тоа
дали би отфрлил можност да се пресели во Примера во иднина, Мохамед Салах одби
да отфрли таква опција во иднина, меѓутоа иако додаде дека е посветен на
обврските кон Ливерпул, медиумите веднаш почнаа со шпекулациите поврзани со
Реал Мадрид и Барселона.
„Реал Мадрид и
Барселона се два навистина големи клубови, никој не може со сигурност да каже
што би се случило во иднина, во моментов сум фокусиран на Премиерлигата и
Лигата на шампионите со Ливерпул“ рече Египјанецот.