Клоп чека понуда – може да стане селектор на местото каде што најмногу посакува!

by Стефан
1 минути читање

Иднината на Јулијан Нагелсман на клупата на Германија по елиминацијата на Мундијалот од Парагвај е под знак прашалник, а според информациите негов наследник може да биде Јирген Клоп.

Фабрицио Романо тврди дека Клоп е заинтересиран и би прифатил понуда од Германскиот фудбалски сојуз.

„Јирген Клоп сака да се врати на тренерската работа доколку добие повик од Германскиот фудбалски сојуз. Подготвен е да ја разгледа нивната понуда и му се допаѓа проектот“, тврди Романо во својата објава.

Клоп натпреварот со Парагвај го следеше во улога на стручен телевизиски коментатор, детално ја анализираше играта на германската репрезентација веднаш по натпреварот.

Германскиот сон за нова светска титула згасна по неочекуваниот пораз од Парагвај, а по болната елиминација сè погласни се шпекулациите дека деновите на Нагелсман на селекторската клупа се избројани.

Иако по натпреварот поранешниот тренер на Баерн Минхен ја отфрли можноста за оставка, а спортскиот директор Руди Фелер јавно застана во негова одбрана, германските медиуми веќе интензивно дебатираат за можните наследници, при што името на Јирген Клоп е во прв план.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×